Спектакл за големиот јубилеј
1 јули 2021Кинескиот претседател Ши Џинпинг на церемонијата истакна дека кинескиот подем до светската велесила е неповратен историски процес.
Пред огромниот портрет на основачот на Комунистичката партија и на државата Мао Цетунг, Ши истакна дека партијата извадила милиони луѓе од сиромаштија и оти придонела многу за глобалниот развој.
„Кинескиот народ се крена. Помина времето на газење, угнетување и страдање на кинескиот народ", рече Ши пред големата толпа собрана на плоштадот Тјенанмен во центарот на Пекинг.
Повеќе:
-Почна Народниот конгрес во Кина: Нервоза и славје
-Кина пред Народниот конгрес: Напнато расположение и Ши Џинпинг-апликација
На помпезната церемонија учествуваа илјадници пејачи кои пееја патриотски песни. Борбени авиони летаа во формација над плоштадот Тјенанмен, хеликоптерите го формираа бројот 100 на небото.
Кинеската комунистичка партија е основана во Шангај во летото 1921 година од страна на Мао и мала група соработници. Денес таа има околу 95 милиони членови.