1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ХБО го симна од репертоар „Одвеано од виорот“

ЕМФ
10 јуни 2020

Американската стрим-платформа ХБО Макс го симна од својата понуда филмскиот класик, добитник на повеќе Оскари, „Одвеано од виорот“.

https://p.dw.com/p/3dYkC
Filmstill Vom Winde Verweht
Вивиен Ли и Клерк Гејбл се во главните улоги во филмотФотографија: picture alliance/kpa

Додека во САД и светот не стивнуваат протестите против расизмот, американската стрим-платформа ХБО Макс го повлече од својата понуда филмот „Одвеано од виорот“. Филмот од 1939 година прикажува етнички и расистички предрасуди „кои, за жал, во американското општество биле вообичаени“, соопшти портпарол на ХБО Макс за агенцијата АФП.

Филмот, кој има добиено осум Оскари и два почесни Оскари, се вбројува во најуспешните филмови на сите времиња, но претставувањето на задоволни робови и робовладетели херои постојано е повод за критики. „Ваквото расистичко претставување на работите било погрешно и тогаш и денес и бевме на мислење дека би било неодговорно филмот да се задржи на програмата без притоа да има објаснување и критика на ваквото претставување“, објаснува портпаролот на ХБО Макс.

Повеќе:

Спајк Ли за убиството на Џорџ Флојд, расизмот во САД и неговиот нов филм

Кауција од милион долари за полицаецот обвинет за убиството на Флојд

Социјална нееднаквост во САД: Афроамериканците и натаму посиромашни, поболни, понеобразовани

Филмот би требало да се појави повторно на платформата, но заедно со дискусија за историскиот контекст, се вели од ХБО Макс и се додава дека притоа нема да се прават промени на филмот, зашто такво нешто би значело дека „такви предрасуди не постоеле никогаш“.

По смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис, како резултат на тоа што полицаец белец го притискаше врз вратот 8 минути и 46 секунди, во САД не стивнуваат протестите против полициското насилство и расизмот. Полицаецот Дерек Шовин доби отказ од работа, беше уапсен и е обвинет за „убиство од втор степен“.