Ципрас во Скопје со министри и бизнисмени
29 март 2019На врвот на агендата на првата посета на еден грчки премиер на северниот сосед е средбата меѓу Ципрас и македонскиот колега Зоран Заев. Билатерални средби со своите ресорни колеги во Скопје ќе одржат и грчките министри кои ќе го придружуваат Ципрас. По овие разговорите предвиден е состанок на Советот за соработка меѓу Северна Македонија и Грција, односно своевидна меувладина седница по што ќе следи и заедничка прес-конференција на двајцата премиери.
Повеќе:
-Ципрас најави посета на Скопје
-Меркел во Минхен им оддаде признание на Заев и Ципрас
-Македонија и Грција покажаа како треба
Ципрас во Северна Македонија, како што е порано најавено,доаѓа за да го потврди унапредувањето на соработката меѓу двете земји откако е решен повеќедеценискиот спор околу името, како и за зајакнување на економската соработка. Грчките медиуми јавуваат дека Ципрас во Скопје ќе го придружуваат и претставници на 70 средни и големи грчки компании. Премиерите Заев и Ципрас попладнето на 2 април ќе го отворат и Бизнис форумот каде компаниите од двете земји ќе се поврзат и ќе ги разгледаат можностите за можна соработка. Грчкиот премиер, претходно, треба да се сретне и со претседателот на парламентот на Северна Македонија, Талат Џафери.
Инаку се очекува Зоран Заев, многу брзо по посетата на Ципрас во Скопје да замине во возвратна посетата во Атина.