1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ципрас ја презеде функцијата министер за надворешни работи

ЕМФ /агенции
20 октомври 2018

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ја презеде и функцијата министер за надворешни работи и се осврна уште еднаш на договорот со Македонија и гласањето во парламентот во Скопје.

https://p.dw.com/p/36sLM
Mazedonien Griechenland Namensstreit beigelegt Tsipras
Фотографија: Reuters/A. Konstantinidis

„Ова е историски и симболичен ден(...), ден на радост кој ја докажува динамичната улога што Грција ја игра како фактор на стабилизација на Балканот и на Југоисточна Европа“, изјави денеска на церемонијата на преземање на Министерството за надворешни работи грчкиот премиер Алексис Ципрас. Тој оцени дека гласањето во парламентот во Македонија е „историско“ и дека со него се отвора патот за спроведување на договореното меѓу двете држави. Потоа соседната земја би можела да се приклучи кон меѓународните организации, објасни Ципрас укажувајќи на ЕУ и на НАТО.

Ципрас ја презема раководната улога и во грчкото МНР откако министерот Никос Коѕијас поднесе оставка по кавгата со министерот за одбрана Панос Каменос.

Грчката опозиција денеска уште еднаш му порача на премиерот Ципрас дека ќе преговара повторно со Македонија за решавање на спорот за името, доколку владата не успее да го ратификува Преспанскиот договор. Советникот на шефот на „Нова демократија“, Киријакос Мицотакис, Макариус Лазаридис, за грчкото радио „Параполитика“ повторува дека партијата нема да гласа за ратификација на Договорот од Перспа. „Ако договорот не биде ратификуван во Грција, ние како влада ќе започнеме нови договори со Скопје, од нула“, вели Лазаридис и додава дека актуелниот договор помеѓу Скопје и Атина е лош поради тоа што ги признава макеоднскиот јазик и идентитетот, што, како што вели, досега не било прифатено од ниту една грчка влада.