1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Црн рекорд во Германија: Речиси 30.000 инфицирани за 24 часа

ЕМФ / дв
11 декември 2020

Бројките постојано растат - речиси 30.000 новоинфицирани за 24 часа! Канцлерамтот и покраините трескавично бараат добар начин за заострување на мерките, можеби веќе пред Божик.

https://p.dw.com/p/3mYcn
Deutschland I Computertomographieaufnahmen der Lunge eines Covid-19-Patienten
Фотографија: dpa/picture alliance

Нов рекорд на новоинфицирани и починати во последните 24 часа во Германија. Институтот „Роберт Кох“ соопшти дека бројот на новоинфицирани е 29.875, а бројот на починати за еден ден - 598. Бројот на инфицирани од коронавирус досега е 1.272.078 лица, а бројот на починати се искачи на речиси 20.970.

Црниот рекорд уште повеќе ги засили барањата за драстични рестриктивни мерки во земјата веќе пред Божик. „Јасно е дека мора да затвори и трговијата на мало. Мора максимално да ги ограничиме контактите“, изјави изутринава премиерката на покраината на Мекленбург Предна Померанија, Мануела Швезиг.

Deutschland Coronavirus Schild Maskenpflicht
Фотографија: Sachelle Babbar/ZUMA/picture alliance

Експертот на СПД за здравствени прашања, Карл Лаутербах, за весникот „Рајнишен пост“ рече дека она што е потребно „наредната недела е најрестриктивен можен 'локдаун' на ниво на државата, вклучително и затворање на училиштата“.

Повеќе:

Коронавирус: Зошто се најтешко погодени регионите кои гласаат за екстремната десница?

Последната битка на Ангела Меркел

Коронавирус: Меркел бара построги мерки во Германија

Сојузот и покраините досега не можат да се договорат за заеднички мерки. Нејасно е и кога ќе се сретнат канцеларката Меркел и покраинските премиери. Главно нема противници на предлогот за заострување на рестрикциите помеѓу Божик и 10 јануари. Сепак, шефот на Сојузната лекарска комора, Клаус Рајнхарт предупреди дека не треба да се имаат преголеми очекувања. „Илузија е да се верува дека со цврст локдаун во траење од 14 дена по Божик ќе ја ставиме под контрола пандемијата“, оцени тој за РНД.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема