1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Алт: Берлин да го сопре бугарскиот историски ревизионизам

БГ
10 ноември 2020

Пратеничката на Либералната партија во Бундестагот Рената Алт ја повика владата во Берлин да влијае врз Софија за да се отвори патот на Северна Македонија кон ЕУ. Таа бара укинување на принципот на едногласност во ЕУ.

https://p.dw.com/p/3l5tM
Bundestag Renata Alt FDP
Фотографија: picture-alliance/dpa/G. Fischer

Бугарија го користи членството во ЕУ како средство за притисок врз С. Македонија и го торпедира процесот на проширување на Унијата, вели пратеничката на Либералната партија (ФДП) во германскиот парламент и член на Комисијата за надворешна политика, Рената Алт. Тоа, според Алт, е неприфатливо.
„Со своето вето, Бугарија го торпедира секој напредок во процесот на пристапување кон ЕУ. Фактот дека Бугарија го користи своето членство во ЕУ како средство за да изнуди отстапки во историскиот спор со Северна Македонија е целосно неприфатлив и предизвикува повторна штета на процесот на пристапување во ЕУ“, вели Алт. 

-повеќе на темата: Борисов очекува компромис со Скопје со помош на Меркел

Таа смета дека бугарското вето за Скопје ќе му зададе фатален удар на севкупниот процес на проширување на ЕУ и апелира до Владата во Берлин да реагира. 
„Сега, кога ЕУ конечно постигна договор за одржлив и транспарентен пристапен процес, обновената блокада на пристапните преговори ќе биде фатален сигнал. Сојузната влада треба да го искористи преостанатото време на германското претседателство и да апелира до бугарската страна да не ја попречува тековната непречена реформска динамика во Северна Македонија со својот националистички историски ревизионизам“, изјави Алт.
Пратеничката на Либералите, притоа, бара промени и во принципот на одлучување на ЕУ за во иднина да се избегнуваат слични ситуации.
„Ниту една земја на ЕУ нема право да го негира правото на самоопределувањето на друга земја. По блокадата на Кипар на санкциите на ЕУ против Лукашенко, ЕУ треба конечно да го искористи бугарското вето како повод да го укине принципот на едногласност и со тоа да ја врати способноста на Унијата да дејствува при важни одлуки“, вели Рената Алт.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема