Берлин нуди лекување на македонски пациенти во Германија
18 јуни 2020Германија преку својата министерка за одбрана Анегрет Крамп Каренбауер понудила лекување на пациенти од Северна Македонија во своите клиники, соопшти денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Во екот на кризата со коронавирусот во Франција и Италија, Германија веќе ги отвори вратите за пациенти од двете земји, а сега истото им го нуди и на сите земји-членки на НАТО. Ваквата понуда Шекеринска ја добила пред повеќе од еден месец од нејзината германска колешка.
Оперативниот план кој денеска го договорија министрите за одбрана на 30 земји-членки на НАТО предвидува создавање на заеднички залихи на медицинска опрема и кризен фонд вреден милиони за инвестиции во критични медицински резерви, соопшти генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Клучната задача на НАТО за време на пандемијата е да се осигура дека „здравствената криза нема да прерасне во безбедносна криза“, рече Столтенберг.