Анти-ваксерите и корона-кризата
16 мај 2020„Состојки на вакцините“ напишано е со жолта креда на тротоарот на брегот на реката Рајна во Келн. Неколку метри понатаму, една на изглед неупадлива жена на асфалтот напиша „ГГ“ (скратеница за Grundgesetz, Германски Устав) и потоа ги прешкрта буквите. Во полн ек се подготовките за граѓанскиот протест покрај познатата келнска катедрала.
Собирот е одобрен и обезбедуван од страна на полицијата, а темата е - „За нашите основни права, против носењето маски и вакцинирање, против корона-инсценацијата и Фондацијата Гејтс“.
Повеќе:
-Вакцина против коронавирус - само за богатите?
- „Вакцина за сите по фер цена“
Наместо очекуваните 50 учесници, сепак се појавија само мал број луѓе, а жената која држи говор и покрај микрофонот едвај се слуша од довикувањата- „Затвори ја устата“, кои ги извикуваат десетици контра-демонстранти кои се позиционирани покрај нив. Глетката изгледаше речиси комично кога жената извикакон групата „Срам да вие е“, а потоа тие гласно одговорија „Тебе да тие е срам!“, и така неколкупати.
Хетерогена група пронаоѓа нешто заедничко
Во вечерните часови полицијата во соопштението за медиумите објави дека собирот „поминал непречено“ и додаде „оти барањата од правилникот за заштита од коронавирусот не се во конфликт со слободата на изразување и со правото на собир“. Во последните неколку недели на овие собири повеќе пати се случуваа напади на новинарите, а се кршеше и дозволеното растојание или собирот дури не се ни најавуваше.
Сѐ поголемиот број собири во германските градови, дел под името „Отпор 2020“, привлекуваат хетерогена публика: припадниците на движењето „Граѓани на Рајхот“, кои ја негираат Сојузна Република Германија како легитимна и суверена, потоа теоретичари на заговори, анти-ваксери, езотеричари и екстремни десничари.
Чукна часот за противниците на вакцинацијата
„Секако вакцинирањето е најдобар начин за борба против оваа пандемија“, вели Јан Ратје, кој во Фондацијата „Амадеу Антонио“ го води истражувачкиот проект за антисемитизам и теории на заговор. „А идејата во иднина вакцинирањето да биде задолжително е широко распространета меѓу теоретичарите на заговор“, продолжува тој. Меѓутоа, на протестите учествуваат и луѓе кои „веруваат дека вакцинирањето на крајот немаат лековито влијание во општеството, туку оти има одделно шетно влијание“, објаснува Ратје.
Повеќе:
-Дали коронавирусот ќе ги пишмани анти-ваксерите?
Според резултатите на интернет-истражувањата на француски научници, во кои се анкетирани родители во 5 европски земји, во Германија имаат релативно висок удел оние кои одбиваат вакцинација и кои сакаат во целост да одбијат вакцинирање на нивните деца - речиси 3 насто. Според наводите на Сојузниот центар за здравствена едукација (БЗгА), групата скептици изнесува многу повеќе, околлу 20 отсто. Истражувањето кое го спроведува БЗгА секои 2 години покажува дека ставот кон невакцинирањето генерално станува сѐ попозитивен.За разлика од некои други земји во ЕУ, во Германија секогаш било приватна работа и прашање дали треба да прими препорачаната вакцинација.
Меѓутоа, Законот за заштита од инфекции предвидува дека Министерството за здравство може да ги обврза „загрозените слоеви на населението“ да се вакцинираат доколку се согласат сојузните покраини. Врз основа на тоа министерот за здравство Јенс Шпан за првпат донесе закон со кој децата во градинките и во училиштата мораат да се вакцинираат против морбили. Законот е на сила од март 2020 година.
Страв од задолжителна корона-вакцинација
Противниците на вакцинирањето сега го споменуваат токму овој преседен кога станува збор за вакцината против коронавирусот, која се истражува во моментов ширум светот. Шпан за тоа изјави: „Таму каде што доброволно се оди кон целта, нема потреба од законска обврска“. Многу Германци веројатно со нетрпение чекаат вакцината да биде достапна, дури и ако тоа би можело да потрае до 2021 година или дури и подолго. Меѓутоа, со оглед на тоа дека не постојат точни податоци за подготвеност за вакцинирање против корона, поранешниот радио водител Кен Јебсен, популарен кај теоретичарите на заговори, ја вовлече „обврската за вакцинирање низ споредна врата“ на протестите.
Повеќе:
-Брисел собра 7,5 милијарди евра за вакцина за коронавирусот
-Германија: Почнува тестирање на вакцина против Ковид-19
Ваквите пораки очигледно помагаат редовната публика на Јебсен да се запознае со темата вакцинација. Меѓутоа, по пат на своите заеднички напори против вакцинирањето, луѓето пронаоѓаат заеднички иментители и на демонстрациите на кои се испраќаат пораки за хомеопатија и за антропозофија, и тие „на почетокот немаат никаква врска со заговорите или со десничарите, но потоа сепак го пронаоѓаат патот и кон тие платформи“, објаснува Беате Кипер, социјален психолог од Универзитетот Нидеррајн.Особено силна комбинација е потребата за информирање и несигурноста која во времето на корона може да доведе до тоа „многумина случајно да се најдат на таквите платформи - и тогаш таму да заглават“.
Од интернет директно до улицa
Вакцинацијата е веќе тема на протест, иако на пазарот сè уште нема вакцина против коронавирусот. Од гледна точка на политикологот Јан Ратје, ова е „дефинитивно една од клучните пораки која прва се забележува на транспарентите“. Демонстрантите се плашат дека ќе има наводна задолжителна вакцинација и оти нема да учествуваат во одлучувањето за тоа. „Сепак, тешко беше да се каже кој е точниот удел на противниците на вакцинацијата на протестите.
Од гледна точка на Сојузната канцеларија за заштита на уставот, учеството на десничарските екстремисти на протестите се зголемува и е сè посериозно - на демонстрациите сè повеќе се користат антисемитски и антидемократски симболи и пароли. Ова не го изненадува психологот Кипер: „Се наоѓаме во општество во кое владее вжештено расположение“. Неодамна, во февруари, еден човек кој го радикализира своето мислење со теории на заговор изврши расистички напад во Ханау. Обработката на настанот е стопирана поради короната, вели Кипер. „Сега, за жал, се продолжува онаму каде што застанавме и се продолжува со митовите на заговор и на омраза“, заклучува таа.