1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Еден од најтешките топлотни бранови во последните децении

СН/агенции
29 јули 2021

Метеоролозите во регионот очекуваат екстремните горештини да траат до крајот на наредната недела. Новинската агенција Асошиејтед Прес, се осврнува на актуелниот топлотен бран во земјите од југоисточна Европа,

https://p.dw.com/p/3yHsV
Deutschland | Wetter Hitzewelle | Thermometer mit 40 Grad
Фотографија: picture-alliance/dpa/HMB Media/O. Mueller

Југоисточна Европа е зафатена од топлотен бран, кој ги засили шумските пожарите и ги принуди луѓето во регионот да се разладуваат на бреговите, во фонтаните и во климатизирани простории. Температурите се искачија над 40 Целзиусови степени во некои делови од Грција и во поголемиот дел во регионот. 

Метеоролозите во Атина соопштија дека очекуваат топлотниот бран да трае до наредната недела, што го претставува еден од најтоплите бранови  регистрирани во земјата од средината на 80-тите години на минатиот век.  

Најмалку три лица загинаа во јужна Турција, а десетици луѓе беа хоспитализирани, бидејќи интензивните летни горештини и силните ветрови предизвикаа два одделни шумски пожари. 

Griechenland Athen | Hitzewelle
Фотографија: picture alliance/AP Photo/P. Giannakouris

Повеќе:

-Фотографија на денот: Топлотен бран

-С. Македонија под топлотен бран - мало разладување од идната недела

Шумските пожари во Грција им се закануваат на домовите трет ден по ред, а денеска е пријавен пожар во близината на градот Патрас во западот дел од земјата.

„Тековниот топлотен бран е опасен временски феномен, бидејќи ќе трае до крајот на наредната недела со мал температурна разлика помеѓу максималните и минималните нивоа“, изјави Теодорис Колидас, директор на грчката Национална метеоролошка служба. Во грчката престолнина се поставени засолништа за разладување, но пристапот до климатизираните јавни простори е ограничен поради корона-рестрикциите.

Властите во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и во други погодени земји ги советуваат луѓето да избегнуваат изложување на директна сончева светлина во пладневните часови. 

Во С. Македонија, бремените жени и лицата постари од 60 години не треба да одат работа до крајот на неделата, додека на градежните компании им беше наредено да запрат со работата од 11 до 17 часот.

Климатските експерти тврдат дека екстремните временски услови, како неодамнешните смртоносни поплави во Германија, топлотните бранови во Канада и во западниот дел на САД, најверојатно ќе станат почести, бидејќи зголемувањето на глобалните температури создава поголема нестабилност.

Повеќе:

-Поплави во Германија: Климатската криза нѐ принудува да се прилагодуваме

-Екстремниот топлотен бран во САД и Канада не попушта

„Ако гледаме глобално, неодамна имавме многу, многу екстремни временски појави, на пример измерените 49,6 Целзиусови степени во Канада, кои претставуваат температурен рекорд“, вели Мајк Кендон, климатски експерт во Метеоролошката служба на ОН.

„Кога гледате такви случувања, тие не изнесуваат надвор од нашите искуствени рамки за она што сме го виделе порано. Еден таков настан едноставно не е возможно да се објасни без човечкото влијание врз климатскиот систем“, дополнува Кендон

Според Светската метеоролошка организација на ОН, 2020 година беше една од трите најтопли години регистрирани на глобално ниво.  2020 , од друга страна, беше најтоплата година забележана во Европа.