1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ТероризамСоединети Американски Држави

Њу Орлеанс: што се знае за напаѓачот - бивш војник

АРД | агенции | БЈ
2 јануари 2025

По нападот во Њу Орлеанс во кој загинаа 15 лица, властите поаѓаат од исламистичка позадина. Осомничениот сторител бил американски државјанин и ветеран од Авганистан. Што друго се знае за него?

https://p.dw.com/p/4okZf
Напад во Њу Орлеанс, САД
Напад во Њу Орлеанс: што се знае за напаѓачотФотографија: Gerald Herbert/ASSOCIATED PRESS/picture alliance

Среде новогодишната ноќ камионче пикап влетува во толпа луѓе во францускиот кварт во Њу Орлеанс, кој е центар на ноќен живот и собиралиште на туристи.  15 лица се убиени, а многу други повредени во нападот. Мртов е и осомничениот сторител, кој беше застрелан од полицијата. Што се знае за него и неговиот мотив?

Кој е сторителот?

Властите соопштуваат дека осомничениот сторител е 42-годишниот Шамсуд-Дин Џабар, американски државјанин од Тексас роден во земјата. До неодамна и работел таму како агент за недвижнини. Претходно со години служел во американската армија. Во сега веќе избришано видео на ЈуТуб од 2020 година во кое Џабар ја промовира компанијата за недвижнини, тој вели дека од секогаш живеел во Тексас, „со исклучок на десетте години кога служев во армијата  на САД“.

Напад во Њу Орлеанс, САД
Федералната полиција ФБИ потврдува дека Џабар бил американски војник, служел во Авганистан од февруари 2009 до јануари 2010Фотографија: Bonnie Cash/UPI Photo/IMAGO

Федералната полиција ФБИ потврдува дека Џабар бил американски војник. Според Пентагон, тој работел во управување со човечки ресурси и како ИТ специјалист за американската армија од 2007 до 2015 година, а потоа бил резервист до 2020 година. Портпаролот на армијата рече дека Џабар служел во Авганистан од февруари 2009 до јануари 2010 година и дека имал чин наредник. Новинската агенција АФП повикувајќи се на Државниот универзитет од Џорџија, пишува дека Џабар. студирал таму од 2015 до 2017 година и дека се стекнал со диплома за компјутерски системи.

Дали Џабар ѝ бил познат на полицијата?

Весникот „Њујорк тајмс“ објави криминални досиеја кои покажуваат дека Џабар два пати бил обвинет за помали кривични дела - во 2002 година за кражба и во 2005 година за возење без валидна дозвола. Според досиејата, за ова бил казнет парично во висина од по 100 долари.

Што знаат истражителите за неговиот приватен живот?

Како што понатаму наведува „Њујорк тајмс“, Џабар бил два пати женет и е татко на две деца. Неговиот втор брак завршил со развод во 2022 година. Според судските документи, во тој период Џабар имал финансиски тешкотии. Тој навел дека заостанува со 27 илјади долари за отплата на куќата и дека има 16 илјади долари долг на кредитна картичка и сакал брзо да се заврши разводот. Во тоа време според наводите Џабар заработувал 10 илјади долари месечно кај консултантската фирма Дилоит

Постојат ли индиции за мотивот?

Инспекторите потврдија дека покрај оружје и рачно направени експлозивни направи, во возилото со кое е извршен нападот најдено е и знаме  на ИСИС  и дека сега се испитуваат врските на 42-годишникот со исламистичките организации. Претседателот во заминување,  Џозеф Бајден,   повикувајќи се на истражителите  рече дека неколку часа пред нападот Џабар објавил видео записи кои укажуваат на тоа дека напаѓачот „бил инспириран од ИСИС“.

Напад во Њу Орлеанс, САД
Иследниците потврдија дека покрај оружје и рачно направени експлозивни направи, во возилото со кое е извршен нападот најдено е и знаме на Исламска држава Фотографија: Eduardo Munoz/REUTERS

Дали Џабар претходно паднал во очи поради радикализирање?

Весникот „Њујорк тајмс“ го цитира наводниот брат на Џабар со зборовите дека бил „навистина мил и фин човек, пријател, навистина паметен, грижлив“. Џабар уште на млади години го прифатил исламот. Но, злосторството што го изврши во Њу Орлеанс не го претставува исламот, вели братот и додава дека „тоа е повеќе форма на радикализација, а не религија“. Пријател на Џабар од младоста изјавил дека тој бил човек „кој никогаш не правел проблеми“, дека „никогаш не претставувал закана, но можело да се забележи дека станал навистина интензивен што се однесува до верата“, го цитира „Њујорк Тајмс" пријателот.