1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шарл Мишел ја гледа Украина во ЕУ до 2030 година

СН/агенции
4 октомври 2023

Дали Украина има шанси да стане членка на Европската унија? Секако, вели претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, но најнапред мора да бидат исполнети определени услови.

https://p.dw.com/p/4X5aq
Соговорниците Мишел и Зеленски (на средба во Њујорк пред две недели)
Соговорниците Мишел и Зеленски (на средба во Њујорк пред две недели)Фотографија: Ukrainian Presidency/abaca/picture alliance

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека Украина може да се приклучи на Европската унија до почетокот на наредната деценија „доколку двете страни си ја завршат домашната задача“.

„Просперитетна и безбедна Украина е во интерес на Европа“, додаде Мишел во интервју за германскиот политички неделник „Шпигел“

„Нивниот отпор кон Русија покажа дека Украина ѝ припаѓа на ЕУ. И тоа наскоро, не еден ден. Со тоа ЕУ ќе докаже и дека е способна за геополитичко дејствување“, изјави Мишел.

Во исто време, белгискиот политичар нагласи дека нема да има политички попуст за Украина или за останатите кандидати за членство во ЕУ - покрај Турција, тоа се шестте држави од Западен Балкан и Република Молдавија.

Нема да има политички попуст за земјите кандидати за членство во ЕУ
Нема да има политички попуст за земјите кандидати за членство во ЕУФотографија: Daniel Novakovic/Slovenian Government Press Service/AP/picture alliance

„Украина и другите земји кандидати мора да спроведат реформи, да се борат против корупцијата и да ги исполнат законските услови. Нам во ЕУ треба да ни биде јасно што сакаме да постигнеме заедно, кои се нашите приоритети и на што сакаме да потрошиме пари. И ние мора да ги забрзаме нашите процеси за носење одлуки“, изјави Мишел за „Шпигел“.  

Меѓутоа, предупреди Мишел ЕУ сега „не смее повеќе да губи време“ бидејќи влијанието на Русија и Кина станува сè поголемо на пример во земјите на  Западен Балкан, кои 20 години чекаат на членство во ЕУ. 

За темата за проширувањето на ЕУ треба да се разговара, меѓу останатото, на неформалниот самит на шефовите на држави или на влади на ЕУ во петок во шпанскиот град Гранада. 

 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи