1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Загриженост за атомската централа Запорожје

Андреа Бер (АРД)
26 август 2022

Пожар го уништи и последниот преостанат дотур на струја до украинската нуклеарна централа Запорожје, напојувањето беше привремено прекинато. Граѓаните се загрижени дека може да се случи атомска катастрофа

https://p.dw.com/p/4G4PC
Запорожје- Најголемата атомска централа во Европа
Запорожје- Најголемата атомска централа во ЕвропаФотографија: Konstantin Mihalchevskiy/SNA/IMAGO

Најголемата атомска централа во Европа се наоѓа во местото Енерходар. Видео објавено на мрежата Телеграм привлече големо внимание. Наводно е снимено од жители на малото украинско градче кое сега веќе е под руска окупација. Квалитетот на снимката е лош, но пораката е јасна.

„Ние сме граѓани на Енерходар”, велат маскираните со променет глас и додаваат дека „Ви се обраќаме во очај”. Тврдат дека сите тие работат во окупираната централа и дека се заробеници на руските војници кои што ги тероризираат. Тројца мажи и една жена стојат пред бел ѕид полн дупки од куршуми. Енерходар е испишано на ѕидот со црвена боја. Украина страхува дека Русија може централата да ја исклучи од руската мрежа и да ја пренасочи струјата кон Крим.

Исклучени од електричната мрежа

Украинската служба за надзор на атомската енергија „Енерхоатом” во четвртокот објави дека централата Запорожје е исклучена од електричната мрежа. Како последица на пожар четвртата и последна врска меѓу централата и украинската електродистрибутивна мрежа била оштетена. Трите останати биле уништени уште многу порано за време на руските напади. Во моментов непречено работат системите за автоматизација и безбедност, се вели во соопштението на „Енерхоатом” објавено на Телеграм. Потребата од електрична енергија на самата централа засега се покрива преку украинскиот енергетски систем.

Руски војници мерат радијација околу нуклаерната централа Запорожје
Руски војници мерат радијација околу нуклаерната централа ЗапорожјеФотографија: Konstantin Mihalchevskiy/SNA/IMAGO

Само два од шест блока реактори приклучени

Украинскиот експерт за енергетика, Генадиј Јабзев првично вака ја оценува ситуацијата: „Привремениот прекин на снабдувањето со струја не би требало да предизвика дополнителни негативни последици во нуклераката Запорожје. Автоматскиот заштитен механизам се активирал и ја исклучил привремено од напојувањето." Во централата актуелно само два од вкупно шест блока реактори се приклучени на мрежата. Претставник на руските окупатори наведе дека во меѓувреме едниот повторно почнал да работи.

Со часови прекин во напојувањето

Претходно во окупираните градови Енерходар, Мелитопол и Харсон со часови немаше струја. Во прекин било и снабдувањето со вода, како што потврдија локалните претставници на окупаторите. Причина за тоа биле како што велат „провокации од борците на Зеленски". Во меѓувреме повторно е пуштена струјата во дотичните градови, јавува руската државна новинска агенција РИА Новости.

Меѓусебни обвинувања од Москва и Киев

Атомската централа Запорожје се наоѓа на реката Дњепар. Другата страна од реката не е окупирана. За пукањето врз централата Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат. Градот Никопол кој лежи на спротивната, неокупирана страна често е мета на напади, но вчера снабдувањето со струја таму функционираше непречено.

Нуклеарна несреќа во Запорожје би ја погодила не само Украина, туку и Турција и балканските држави
Нуклеарна несреќа во Запорожје би ја погодила не само Украина, туку и Турција и балканските државиФотографија: Konstantin Mihalchevskiy/SNA/IMAGO

Мирослав Жуковски работи во Музејот на татковината во Никопол. Тој е многу загрижен, особено за можноста да се случи атомска несреќа - не само во контекст на самата централа, туку и како последица на наводно „ненамерно” пукање од руските сили кои се наоѓаат во регионот. Тоа не би ја погодило само Украина, туку и Турција и балканските држави.

Меѓународната атомска агенција сака да испрати експерти

Со месеци претставници на Меѓународната атомска агенција се обидуваат да дојдат до централата. Украина, но и Русија се начелно согласни, но самата организација и логистика се веќе друга тема. Луѓе едноставно исчезнуваат од улица, веќе немаат храброст да одат ни по вода, велат четворицата граѓани во видеото. Русите пукаат во централата, тврдат тие, и велат: „Ве молиме, Ве молиме ослободете го нашиот град!”