1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Денеска нема нови случаи на коронавирус

БГ
15 март 2020

Нема новозаболени од коронавирусот во Македонија, соопшти вечерва министерството за здравство. Состојбата на повеќето досега заболени е стабилна, медицинскиот персонал ќе биде мобилизиран.

https://p.dw.com/p/3ZSvN
Venko Filipce Gesundheitsminister Nordmazedoniens
Фотографија: Gov. of North Macedonia

Тестовите на седум пациенти од Тетово, Кичево, Штип, Куманово и  Охрид кои се јавиле со симптоми на покачена телесна температура, се негативни соопшти вечерва Министерството за здравство. 
Поголемиот дел од нив неодамна се вратиле од странство- Германија, Швајцарија и Австрија. Од вчера, вкупниот број на заболени од Ковид-19 вирусот во земјава е 18 лица, додека првата заразена пациентка веќе е излечена. Најголемиот дел од пациентите-13 се сместени на Инфективната клиника во Скопје, додека пет се во Дебар. Освен една пациентка во Дебар која е приклучена на респираторна машина, сите останати се во добра состојба и со лесна клиничка слика, меѓу нив и едно 15-годишно дете.

Повеќе на темата:

- Шест нови случаи на коронавирус

- Ние, нашиот страв и коронавирусот

- Короналицемерие 

Филипче информираше дека здравствениот систем во земјата располага со 120 респираторни машини, а ќе се мобилизира и севкупниот медицински персонал, вклучително и оној од приватните болници. Институтот за белодробни заболувања во Козле ќе се оспособи за прием на евентуално заболени деца од Ковид-19 со цел тие во иднина да не се мешаат со возрасните.

Филипче апелира до граѓаните да се придржуваат до препораките, да не излегуваат од своите домови без потреба, и да не се создава паника.

Сите банки и финансиски институции функционираат нормално, но во супермаркетите, особено во Скопје, денеска беа забележливи огромни колони луѓе на касите кои купуваа залихи за своите домови.

Иако е забрането собирање луѓе во рестораните и другите објекти каде се подготвува храна, тие и натаму можат да работат, под услов храната да ја продаваат директно на шалтер или со достава. 
Државната изборна комисија денеска предложи да се одложат вонредните парламентарни избори закажани за 12 април. Претходно, со слична порака излезе и шефот на државата Стево Пендаровски. Се очекува одлука на таа тема утре на состанокот на Советот за безбедност. 

*Содржината на овој текст, со податоците за тестовите на седум пациенти, е ажурирана во 20:27 часот на 15.03.2020

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема