1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Дали да се вакцинирам?

агенции | СН/дв
9 декември 2020

Многу луѓе се соочуваат со дилема: дали треба да се вакцинирам или ризикот од нова вакцина е преголем? Зарем можеби не е подобро да ризикувам инфекција отколку да се изложувам на ризиците од новата вакцина?

https://p.dw.com/p/3mQKV
UK London | Impftraining
Фотографија: Yui Mok/AFP

Вчера започна вакцинирањето против коронавирусот во Велика Британија, а наскоро ќе започне и во други земји. Многумина, меѓутоа, имаат непријатно чувство, поради многу брзиот развоја на вакцината. Дали навистина се безбедни овие вакцини? Не е можеби подобро да се смета со можност на зараза отколку на изложување на ризици од новата вакцина?

Овие прашања се оправдани. Особено затоа што кога се работи за нови вакцини за вакцинирање врз основа на т.н. информациска РНК (иРНК), без разлика дали се работи за вакцината на компанијата Модерна, или на компанијата Бионтек од Мајнц, која соработува со американскиот фармацевтски гигант Фајзер. Во светот досега не е одобрена ниту една таква вакцина.

England | Coronavirus | erste landesweite Impfungen
Фотографија: Dominic Lipinski/AFP/Getty Images

Главна разлика во однос на другите, етаблирани вакцини, е тоа што тие не содржат ослабени или убиени вируси, туку само упатство за градење на еден дел од патогенот Ковид-19. Тоа упатство во форма на т.н. иРНК-молекул доаѓа во телото, каде тогаш човековите келии сами произведуваат протеин на вирусот - т.н. спајк протеин.

Во случајот на Сарс-Ков-2 тоа е спајк-протеин од горната површина на вирусот. Тој го стимулира човековиот имунолошки систем да произведува антитела. Првите податоци од клиничките испитувања покажуваат дека вакцините се многу ефикасни и оти организмот генерално добро ги поднесува. Слични реакции постојат и кај другите типови вакцини и тие се знак дека таа го прави тоа што треба: ја поттикнува работата на имунолошкиот систем.

Меѓу најмногу полза и најмалку штета

Она што засега недостасува, се информации за ретките, и можни многу тешки нуспојави, со оглед на тоа дека тие се видливи дури по вакцинирање на голем број луѓе и по подолг период на набљудување.

Biontech Covid-19 Impfstoff
Фотографија: NurPhoto/picture alliance

„Поради тоа постои ризик“, вели Кристијан Богдан, директор на Институтот за клиничка микробиологија, имунологија и хигиена од универзитетската клиника Ерлаген. „Колку е голем ризикот ќе мора да се испита во наредните месеци и години“.

Повеќе:

-Лична приказна: Моето искуство со Спутник 5, руската вакцина против Ковид-19

-Вакцина за коронавирус– одговори на најважните прашања

-Вакцина за Ковид-19 пристигнува по Нова Година, кој прв ќе може да се вакцинира?

За да се утврдат ретки нуспојави, вообичаено е да се продолжат клиничките студии и откако ќе биде одобрена вакцината. Одлуката за тоа дали треба да се вакцинира или не, всушност се базира на одмерување на ползата и на штетата, смета стручњакот кој е и член на Комисијата за вакцинирање (СТИКО) на институтот „Роберт Кох“.

Притоа Богдан го наведува следниот пример: ако веројатноста дека едно постаро лице ќе почине поради последици од корона инфекција изнесува 1:5, а истовремено ризикот од тешки нуспојави по вакцинирањето е 1:50.000 или помал, тогаш би требало да се прифати тој ризик.

Децата не би требало да се вакцинираат

Од друга страна, Богдан не би ги вакцинирал децата, затоа што кај нив речиси и не постои ризик да починат од Ковид-19 и бидејќи пред нив претстои долг живот. „Тоа се целосно легитимни етички размислувања“, нагласува Богдан. Тие, исто така, се огледуваат во препораките за вакцинирање на комисијата СТИКО, според кои најпрво би требало да се вакцинираат ризичните групи. „Со тоа го постигнуваме тоа што го сакаме: најголема можна полза за општеството во целост.“

Philipinnen Dengue-Fieber Impfaktion
Фотографија: AFP/N. Celis

Но, дали токму ризичните групи се особено изложени на опасности од вакцината, односно постарите луѓе или оние со хронични заболувања? Во оваа фаза на развојот на вакцината не можат да се исклучат сите ризици, вели Улрике Процер, директорка на Институтот за вирологија на Техничкиот универзитет во Минхен. Меѓутоа, некои посебни групи на пациенти веќе се земени предвид за време на клиничките испитувања.

Компанијата Модерна, на пример, својата вакцина ја тестирала и на луѓе постари од 65 години, кои имаат дијабетес, прекумерна тежина или срцево заболување. Според наводите на компанијата, не се забележани никакви безбедносни ризици. „Ризикот од ретка и тешка нуспојава не е еднаков на нула, но е мал во однос на другите ризици на кои сме секојдневно изложени, како што е возењето автомобил“, вели Процер.

Нема опасност за промена на човековите гени

Стручњаците сметаат дека е неоснована загриженоста оти посебно иРНК- вакцините со себе носат особено големи безбедносни ризици и дека го менуваат човековиот геном. „Кај луѓето овој геном во форма на ДНК се наоѓа во јадрото“, наведуваат од Институтот Паи Ерлих, кој е задолжен за безбедноста на вакцини во Германија.

Интеграција на РНК и ДНК не е можна, меѓу другото, и поради различната хемиска структура. Она што е карактеристично за РНК е тоа дека е хемиски многу лабилна. Кога иРНК ќе стигне до клетките, таа многу брзо се разградува ", објаснува Процер. Само од таа причина, не е можна одржлива интеракција со човечките клетки.

За да се зголеми одржливоста, иРНК ( iRNА) вакцините имаат еден вид заштитно обложување. „Треба да се набљудува што предизвикуваат овие додатоци“, вели Процер. „Тие би требало  добро да се поднесуваат, но повеќегодишно искуство сè уште нема“.

Вакцината е нова, но не и технологијата

Кога станува збор за безбедноста на иРНК вакцините уште едно нешто е важно: иако досега ниту една од овие вакцини не е одобрена за луѓе, оваа технологија не е откриена со доаѓањето на пандемијата на коронавирусот. Одредени искуства се стекнати и претходно.

Идејата за ваков вид вакцини доаѓа од имунолошките и инфектолошките истражувања, како и од истражувањето на ракот. Притоа целта е да се охрабри телото да ги напаѓа клетките на туморот. Клиничките испитувања и во оваа област се веќе во тек. „Пандемијата само многу ја забрза оваа технологија“, вели Богдан.

Новите иРНК вакцини се специјални и според нешто друго. За разлика од ослабените и мртви вируси кои го стимулираат имунитетот со многу различни површински структури, иРНК придвижува многу специфичен имунолошки одговор. Ова може да биде предност, бидејќи со тоа може да се спречат несакани ефекти. Од друга страна, постои опасност овој специфичен имунолошки одговор да не заштитува доволно.

Исто така е нејасно што се случува ако коронавирусот мутира, значи ако се промени спајк-протеинот на патогенот - дали и тогаш вакцината ќе делува? За да се одговори со сигурност на овие прашања, потребен е подолг период на набудување. „Но, за истражувањето на вакцините, тоа  не е нов предизвик“, вели Богдан.