1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пентагон: Кина забрзано го зголемува атомскиот арсенал

ЖА
4 ноември 2021

САД сметаат дека е загрозен нивниот статус на најголема атомска светска сила, според Пентагон, Кина се вооружува со брзо темпо. Овој развој е посебно загрижувачки за Тајван.

https://p.dw.com/p/42Zlu
China Mittelstreckenraketen in Peking
Фотографија: picture-alliance/newscom/S. Shaver

Само пред една година Министерството за одбрана на САД го проценуваше бројот на кинески атомски боеви глави на „околу 200“ и прогнозираше можно „удвојување до крајот на деценијата."

Но, новите бројки покажуваат сосема друго - според денеска објавениот извештај на Пентагон, Кина до 2030 година може да располага со преку 1000 нуклеарни боеви глави. Владата во Пекинг инвестира „во бројноста на копнените, поморски и воздушни нуклеарни носечки системи“ и гради „соодветна инфраструктура за поддршка на ова значајно проширување на  атомскиот потенцијал“, се вели во извештајот, со дополнување – ваквиот развој е „многу загрижувачки за нас“, се поставува прашања околу намерите на Кина. 

Тајван во визирот?

Американската влада во Кина гледа најважен безбедносен проблем. Од пред извесно време Пекинг  масивно се вооружува  и постепено се приближува до досега без конкуренција водечката воена моќ на САД. Вашингтон не ја исклучува можноста преку забрзаното вооружување, Кина до средината на векот да ја надмине Америка како најсилна светска сила. За споредба: САД моментно располагаат со преку 3750 атомски оружја и немаат план за зголемување на бројот.

Ривалитетот го засилува и стравувањето од можна конфронтација на двете земји, посебно во поглед на  Тајван.  Тензиите меѓу Кина и Тајван во изминатите години се зголемуваат. Пекинг во Тајван гледа отцепена провинција, која ако е нужно, може и треба повторно да се припои кон континенталниот дел и со употреба на воена сила. САД пак на владата во Тајпеј ѝ ветија и воена поддршка.

Washington Pentagon Luftaufnahme
Пентагон гледа опасност од загрозување на водечката позиција на САД како светска воена силаФотографија: Reuters/Y. Gripas

Модернизација на кинеското оружје

Извештајот на Пентагон тврди дека забрзаното воено модернизирање на Кина има за цел до 2027 година да стигне до ниво при кое ќе биде надминат секој вид отпор против повторно  припојување на Тајван,  сеедно дали преку притисок или со воена сила.

Пентагон не зборува за отворен конфликт со Кина, но споменува „можни растечки способности на кинеската армија за борба и победа над силни противници“. Во формулацијата се крие еуфемизам во однос на САД, стои во извештајот. Кина врши модернизација на својата војска на широка база, но посебно паѓа во очи развојот во атомскиот дел.

Нови ракетни погони

Во извештајот се споменуваат и опсежни градежни работи на најмалку три нови погони за испалување ракети во Кина, кои заедно можат да располагаат со „стотици подземни лансирни рампи за интерконтинентални ракети“. Извештајот не ги прецизира нивните локации, но приватни аналитичари, врз основа на анализа на сателитски снимки, зборуваат за огромни ракетни постројки во северна Кина.