1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Светот во грч: Рекорден бран новозаразени од коронавирус

БГ /АФП
15 октомври 2020

Бројот на новозаразени од коронавирус во светот се искачи на највисоки 330,000 дневно, откако бранот драматично порасна во Европа и во САД. Многу земји одново воведуваат остри ограничувања.

https://p.dw.com/p/3jzoo
Belgien Corona-Pandemie Symbolbild | Brüssel
Фотографија: Kenzo Triboulliard/AFP

Бројот на инфекции од коронавирусот во Германија, Чешка, Италија и Полска деновиве достигнуваат невидени размери, додека и останатиот дел од европскиот континент се бори со вториот бран на заразата.
Франција денеска воведе полициски час во Париз и други големи градови кој започна во 21 часот. Жителите на Лондон се соочуваат со нови ограничувања за собири во затворен простор. Холандија ги затвори баровите и рестораните. Чешка и Северна Ирска ги затворија училиштата. Полска ја ограничи работата на рестораните и ги затвори вежбалните и базените.

Во САД, бројот на нови случаи на дневно ниво е во пораст во 44 држави, додека смртноста се зголемува во 30.

„Сметам дека ова е најтешкиот период во епидемијата“, вели д-р Петер Хотез, експерт-инфектолог на Бејлор колеџот во Тексас. „Бројките брзо растат. Ќе видиме доста голема епидемија низ целата северна хемисфера“.
Главниот здравствен експерт Ентони Фаучи ги повика своите сонародници да размислат дали да го просласуваат Денот на благодарноста.

Според Џонс Хопкинс Универзитетот, бројот на нови случаи во САД се зголемиле од околу 40,000 дневно во просек, на повеќе од 52,000 во изминатите две недели. Бројката на починати е релативно стабилна на околу 720 дневно. Низ светот, смртноста драстично се намали на околу 5,200 дневно.
Шефот на европската канцеларија на Светската здравствена организација Ханс Клуге оцени дека бројките растат затоа што луѓето не носат маски и не ги почитуваат правилата.

Belgien Brüssel | EU Gipfel | Ursula von der Leyen
Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен вечерва го напушти самитот на ЕУ и мораше да замине во самоизолација откако членови на нејзиниот кабинет биле позитивни на вирусотФотографија: Dursun Aydemir/AA/picture-alliance

И берзите во Европа и САД ги чувствуваат последиците од новиот бран, откако акциите засилено паѓаат поради стравот од нови ограничувања.

Чешка во средата забележа 9,000 нови случаи, а Франција над 22,000. Околу 18 милиони луѓе во Франција од вечерва се во полициски час кој го спроведуваат 12,000 полицајци.

Единствената добра вест во вториот бран е што бројот на смртни случаи не расте паралелно со бројот на новозаразените. Експертите тоа го објаснуваат со фактот што овојпат се заразуваат помлади луѓе, и со подобрениот медицински третман на пациентите. Но стравот е дека е само прашање на време кога смртноста повторно ќе се зголеми.

„Сето ова не изгледа добро“, вели Џош Мишод, директор за јавно здравје во Фондацијата Кајзер во Вашингтон. „Големиот раст на случаи каков што гледаме сега секогаш го следи раст во бројот на хоспитализации и смртност, и тоа најверојатно ќе се случи во поголемиот дел од Европа и САД во следните недели и месеци“.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи