1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Уапсена е Катица Јанева

БГ
21 август 2019

Специјалната јавна обвинителка е уапсена попладнево во својот дом во Скопје. Нејзиното приведување најверојатно е поврзано со случајот „Рекет“. Обвинителството ќе одржи прес-конференција во 14 часот

https://p.dw.com/p/3OGd6
Nord-Mazedonien
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Специјалната обвинителка Јанева е уапсена по налог на обвинителството, а поврзано, најверојатно со случајот „Рекет“. Досега нема потврда ниту од МВР, ниту од Јавното обвинителство за апсењето на Јанева, ниту детали за апсењето.

Снимки на телевизијата 24 покажуваат дека повеќе полициски возила беа пред домот на Катица Јанева во Скопје, по што таа замина со нив. Според неофицијални информации, таа е однесена на распит.

Јанева вчера се појави во обвинителството, каде даваше исказ за случајот „Рекет“. Нејасно е во кое својство беше повикана Јанева, а таа по повеќечасовниот исказ рече дека била таму во својство на сведок. Недоумици во јавноста предизвика и фактот дека Јанева на распитот се појави со адвокат.

Името на Јанева долго време се споменуваше во јавноста, а нејзиниот глас се појавуваше и во снимките кои ги објави италијанскиот весник Ла Верита, поврзано со аферата Рекет.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема