1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Јужна Осетија го откажа референдумот

СН/агенции
31 мај 2022

Конфликтниот регион во Кавказот, отцепен од Грузија се воздржува од одржување референдум. Новиот лидер Гаглоев ја опишува иницијативата како прерана. Но, принципиелно, тој е за приклучување кон Русија.

https://p.dw.com/p/4C4h3
Новиот претседател на Јужна Осетија, Алан Гаглоев
Новиот претседател на Јужна Осетија, Алан ГаглоевФотографија: Valery Sharifulin/TASS /IMAGO

Новите власти на проруската област Јужна Осетија синоќа соопштија дека се откажуваат од организирање референдум за своето приклучување кон Русија.

Новоизбраниот претседател на оваа област, Алан Гаглоев, исто така укажа на „неизвесностз поврзана со правните последици“ од таквиот референдум, за чие одржување одлучи неговиот претходник Анатоли Библов. Референдумот требаше да се одржи на 17 јули.

Гаглоев, исто така, укажа на „непопустливост на едностраната одлука на референдумот на прашањата кои се однесуваат на правата и легитимните интереси на Руската Федерација“. Тој сепак повика без одлагање да бидат одржани консултации со руската страна околу прашањата кои се поврзани за поголема интеграција на Јужна Осетија со Руската Федерација.

Karte Georgien Südossetien EN

Властите на Јужна Осетија на 13 мај соопштија дека Анатоли Бибилов потпишал указ за одржување на референдум повикувајќи се на „историските аспирации“ на жителите на оваа област да се придружат кон Русија, со која се граничи областа.

Бибилов не беше повторно избран за претседател на изборите во оваа област на почетокот на мај и Русија изрази надеж дека неговиот наследник Гаглоев ќе обезбеди „континуитет“ во односите со Москва.

Јужна Осетија беше во центарот на руско-грузиската војна во 2008 година по која Кремљ ја призна нејзината независност како и независноста на Абхазија, уште една грузиска сепаратистичка област, и таму постави воени бази.